Зошто кај нас е мирно

23.02.2011 12:06
Зошто кај нас е мирно

Сите се прашуваат и претпоставуваат за причините за неизлегување на улица, за изостанувањето на нашата револуција, односно, за тоа кои се причините кои ќе ги натераат нашите граѓани да излезат на плоштадите.

Има такви кои ќе речат „Зошто да излеземе, ние имаме демократија, зарем не? Имаме слободни медиуми, слободна потрошувачка, слободен пазар. Нема глад, сите кои сакаат имаат пристап до Фејсбук и Твитер, па дури и нашите сиромашни граѓани се подобро облечени од оние во Египет. Освен тоа, кај нас сиромашни се само ултрапобожните и Арапите, а и кај нив причина за тоа е традицијата, па затоа и не се смета за причина“.

Меѓутоа, вистината е дека тешко е да се очекува од израелските граѓани да излезат на протести бидејќи овде има повеќе причини за протест. Веќе 40 години нашата влада го влошува квалитетот на живеење со непрестајната окупација, низ постојаните војни, намалувањето на правата на работниците и нападите врз здравствените и социјалните услуги, зголемувањето на разликите од секој вид, а последниве години и со нарушувањето на демократските права и слободите на поединецот, како и корупцијата на власта. Се жалиме дека во Франција масовно демонстрирале против подигнувањето на старосната граница за заминување во пензија додека кај нас тоа помина во молк. Но кој во Израел е во состојба меѓу уште една приватизација и нов закон за државјанство да обрати внимание и на ова кршење на правата од страна власта.

Меѓутоа, во Израел сепак имаме редовни протести. Имаме протести против окупацијата, маршеви за ослободување на Гилад Шалит, блокади на паркиралиштата за време на Сабат, имаме големи протести против повлекувањето од Газа и бранење на правата на преживеаните од Холокаустот, демонстранти кои го одбележуваат Денот на земјата, демонстрации против расизмот, за демократијата, против прогонот на децата, против инфилтраторите, Арапите и странците. Дури имавме и свој плоштад – плоштадот на лебот. Но без некоја голема корист.

Кога Палестинците протестираат, им праќаат војска како да станува збор за непријателски напад. Кога тоа го прават израелските Арапи, притисокот е толку силен како да е во прашање закана за режимот. Полицијата внимателно ги набљудува Сефардите, а кога општествените активисти протестираат, тие се дочекани или со поддршка или со малтретирање. Она што е сигурно е дека израелската влада никогаш не го прави она што го бараат протестирачите од неа.

Граѓаните и организациите за заштита на човековите права се обидуваат да ја разбудат јавноста и да влијаат на оние кои ја одредуваат политиката преку огласување, лобирање, низ создавање разни настани и провокации. Меѓутоа, дури ни овие средства не постигнуваат успех; тие можеби ќе ја разбудат јавноста и медиумски ќе бидат проследени, ама не успеваат да повлијаат на тоа владата да ја промени политиката.

Ограничувањата на организациите кои се борат за општествена еднаквост се разбирливи. Тие делуваат однадвор, и како такви не можат да донесат промена. Всушност, тие функционираат како вентил за пареата, тие опстануваат благодарение на донациите и буџетот на владата, како и на богатите индустријалци чии цели и дела се во спротивност со политичко-општествените цели на овие организации. Така излегува дека и организациите се дел од системот кој ги зајакнува носителите на власта и капиталот.

Израелската политика и нејзините политичари, повеќе од кога и да е, се одвоени од јавноста, од нејзините потреби и желби. Дури и политичарите од одредени сектори навистина не се грижат за доброто на своите гласачи и јавноста. Стипендиите за студентите-јешиви да не работат и да не служат во војска се спротивни на интересите на истите тие студенти и интересот на харедската заедница , негирањето и одземањето на правото на левичарите и Арапите нема да ја подобри положбата на руските доселеници, наметнатите изјави за верност не ја унапредуваат арапската заедница, а окупацијата и населбите на териториите и’ нанесуваат штета на израелската држава и општата јавност. Политичарите не ја забележуваат исцрпеноста на јавноста, колективната депресија, желбата за мир и оддишка, еднаквост и не сфаќаат дека тоа е вистинската опасност за постоењето на Израел и неговиот карактер. Бидејќи од таа исцрпеност и желба за мир и тишина се раѓа копнежот по „силен водач“.

Вистината е дека сите ние копнееме за револуција, за големо излегување на улиците. Со фрустрации ги гледаме сите овие луѓе кои успеаја за извршат промена – не само што се обидоа туку и успеаја, и ние го сакаме истото. И ние сакаме да влијаеме и да ги обликуваме своите животи, сакаме кај нас да се случи нешто возбудливо и добро, нешто возвишено и инспиративно и, пред сè, нешто што ќе ни пружи надеж. Колку само ни е потребна надеж.

Извор: Haaretz

Eh , taman se izradvav po

Eh , taman se izradvav po naslovot deka kje se raboti za sluchajot na Makedonija, ama pak nishto, seushte nikoj nema zabelezhano deka kaj nas aber nema nekoj da s epobuni . . .

breej i jas toa si go

breej i jas toa si go pomisliv, deka e za MK.

ОкоБоли главаВицФото