„Документирање на науката”

04.03.24 12:27

Американската фотографката Беренис Абот (17 јули 1898 - 9 декември 1991 година) можеби е најдобро запаметена по нејзините впечатливи црно-бели принтови кои го прикажуваат променливото лице на Њујорк од триесеттите години. Но, со сличен интензитет таа била заинтересирана за научните феномени и за можноста на апстрактната елеганција и убавина на науката да ѝ се даде одредена видливост и конкретност.

Шема на интерференција, 1958

Во 1939 година, таа почнува да експериментира со научни фотографии и да ги доловува каприците на физиката, математиката и хемијата во нејзините минималистички, но сепак драматични црно-бели фотографии.

Отскокнувачка топка во форма на лакови кои се намалуваат, 1958

Книгата „Документирање на науката” претставува збирка на најдобрите дела кои се резултат на нејзината работа и посветеност, која кулминираше со Проектот за проучување физички науки на „МИТ” во 1958 година.

Однесување на брановите, 1962

„Документирање на науката” се состои од еден дел во кој се прикажани Математички впечатоци, дел впечатоци од животот на Пчелите, и еден дел во кој е презентирано нешто што е целосно и безвременски оригинално.

Зраци на светлина низ стакло, 1960

Во Музејот „МИТ” лоциран во Технолошкиот институт во Кембриџ, Масачусетс, минатата година беше отворена изложба на научни слики на Абот, која ќе трае до крајот на месец март, 2024 година.

Фокусирање на водни бранови, 1950

Мултиплициран приказ на топка што се ниша, 1958

Мултиплициран приказ на топка што се ниша, 1958

Магнетизам и електрицитет, 1958

Судир на две топки, 1960

Магнетизам со клуч, 1958

Магнетно поле од Ректо, 1958

Параболично огледало, 1958

Нишалото, 1960

Извор: https://www.themarginalian.org

Слични содржини

Фотографија / Око / Историја
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото