Спортска манифестација „Трчај во Кисела Вода”

05.03.2024 10:03
Спортска манифестација „Трчај во Кисела Вода”

Атлетскиот клуб „АККА“ од Скопје, со поддршка на Општина Кисела Вода, ја организира спортската манифестација „Трчај во Кисела Вода”. Овој спортски настан ќе се одржи на 9 март 2024 година, на трим-патеката во општина Кисела Вода и ќе содржи неколку трки: главна трка (3,6 километри) и две трки за деца (500 метри за ученици од трето до петто одделение и 900 метри за ученици од шесто до деветто одделени). Главната трка почнува во 8:30 часот, а детските трки ќе започнат од 10 часот.

Оваа спортска манифестација се организира со цел да се промовира трчањето и здравиот начин на живот и развој на спортот во општина Кисела Вода. Прогласување на најдобрите ќе биде непосредно по завршувањето на соодветната трка. Стартот и целта на сите трки ќе биде на трим патеката во непосредна близина до топланата. Првите тројца во секоја трка кај жените и мажите ќе добијат медали и дипломи.

Извор: https://www.kiselavoda.gov.mk

ОкоБоли главаВицФото