Прва епизода на читачкиот клуб „Одрадек”: Херман Мелвил, „Моби Дик” и преводот на Огнен Чемерски

07.03.2024 11:21
Прва епизода на читачки клуб „Одрадек”: Херман Мелвил, „Моби Дик” и преводот на Огнен Чемерски

На првата средба на читачкиот клуб „Одрадек” се разговараше за славниот роман на Херман Мелвил „Моби Дик“, објавен во 1851 година. Во фокусот на дискусијата се македонскиот превод на Огнен Чемерски, контекстот во кој настанал романот, како и неговата рецепција порано и денес.

Разговорот го води Никола Гелевски (уредник и издавач), а учествуваат Калина Малевска (професорка и писателка), Татјана Б. Ефтимовска (професорка и лекторка) и Милан Дамјановски (професор и преведувач).

Разговорот може да се проследи на линкот на платформата Spotify.