45 луѓе убиени со корупција и злоупотреби

07.03.2024 16:28

Обвинителот во случајот „Беса Транс” објаснува дека овие година и осум месеци затвор што ќе ги добие сопственикот се оти се докажало дека фалсификувал лиценца за да може да врши меѓународен превоз. За причините за самата несреќа ќе си одговарал пред Обвинителството во Бугарија.

Ама сега, неколку прашања што белким и обвинителот го интересираат: Каде се фалсификувала таа дозвола? Кој го сторил тоа? Дали е ова инцидент или има воспоставен систем на фалсификување на вакви дозволи? Ако има, уште колку агенции возат нелегално? Кој сѐ знаел, а го дозволил ова?

Конечно, навистина ли 45 луѓе брутално (нема да речам загинаа) беа убиени со корупција и злоупотреби, за да нема подлабока системска истрага за надлежните институции и одговорни поединци на повисоко ниво?

За политичката одговорност којашто требаше веднаш да биде преземена, после самата катастрофа, сега е доцна да се зборува.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 07.03.24.