„Фијук” саем во Музеј на Македонија

14.03.2024 11:26
„Фијук” саем во Музеј на Македонија

Во организација на Бош Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив во сабота, 16 март, во 12 часот, во Музеј на Македонија започнува „Фијук” – саем за промоција на независно издаваштво.

„Брзо како куршум (од зад грб) ја најавуваме следната територија за нашето заседание, чија цел е секако водење на сетилата кон нивните високи страсти. Овој пат ни е домаќин Музејот на Македонија, каде пристигаме со заштрашувачка количина на независно издаваштво - меѓу најпотентните помагала доколку целите кон сéнародно ослободување на срцатa, душите, и пред сé либидото” – велат организаторите во најавата за настанот.

Во рамките на саемот ќе биде отворена изложбата насловена „Осетливи Ткива” на Васил Тасевски, како и музичката програма со Голо-планински Етно Џем и музички луп перформанс од Дарфа и Лепи Џони.

Автор на плакатот на „Фијук” саемот е Марко Печеновиќ

Програма:

  • Отварање на „Фијук” саем - 12:00
  • Изложба „Осетливи Ткива” + Дарфа-Лепи Џони - 13:00
  • Етно Џем - 15:00

Учесници на „Фијук” саемот се: Matrijarsija, Longest Night, Shock Troopers, Арт Еквилибриум, Тома Димовски, Васил Тасевски, Партизанска штампа, СловоКулт, Јелена Белиќ, АШ, Матеј Богдановски, 5060, Гола Планина Колектив, Кула Колектив, Шарла Рекордс, Boiling Point (Kran Records), Лусиана Ампева, Издавачка куќа Илика, Скопје, Марта Патлиџанковска, Тања Вукобрат, Дона Илијевска, Пондер, Стефан Алијевиќ, Кања, Аксиома, Јулија Ојден, Никола Јовановиќ, Владимир Благојевиќ - Владодлак и Ивица Грковски,@greenhickup, @mmmarkovik, @avraam.ivan, @atancovsky, @sho.kev.

Слични содржини

Квир / Култура / Настан / Теорија / Музика
Книжевност / Култура / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото