Живот на маса

20.03.2024 17:41

На една друга Ј.

Богу фала, поштедена сум од животот.
На масата за пишување марки, етикети,
налепници со мојот лик: о, Јудита,
главите ни се во школската торба.

Секој пат кога спијам со непријателот,
ме здоболуваат моите општи места.
Јазичната акупунктура е безуспешна, плитките
убоди на моливот еддвај ја допираат фантазијата.

(Коитирам низ мрачната комора,
стомакот ми е полн со наопачки слики.)

Накарминирана, ги бакнувам виљушката и ножот:
љубовта е хранлива кога и залакот страда;
зад јадењето останува уметноста,
отисоците од заби врз студеното минато.

На масата за пишување чаши од вчера;
- родена сум во знакот на водопија -
твојата крвава сторија е разводнета,
морето и овде сè помртво.


Превод: П. В.

Јудита Шалго (родена Јудита Манхајм, 1941—1996) ‒ југословенска и војводинска писателка и поетеса, со еврејско потекло. Пишувала поезија, романи, раскази есеи... Важна фигура во војводинската и југословенска неоавангарда („новата уметничка пракса“) во шеесеттите и седумдесеттите. Преведувала од англиски и унгарски.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото