Улични фотографии реконструирани во архитектонски простори

27.03.24 12:25

Претставуваме галерија од неколку улични фотографии реконструирани во архитектонски простори од уметницата од Ванкувер, Барбара Стригел. Стригел е родена во Филаделфија и студирала фотографија и графика на Факултетот на Музејот за ликовни уметности во Бостон. Таа предавала фотографија, грнчарство и графички дизајн во државно средно училиште во Сиетл повеќе од дваесет години, а својата ликовно уметничка практика ја воспоставува по пензионирањето во 2013 година.

За Стригел, архитектурата е влезна точка на сеќавањата и медитациите кои нè поврзуваат со просторот. Нејзините колажи се креирани дигитално со помош на цртежи и искината хартија врз фрагменти од фотографии со цел да се постигне одредено приближување на чувствата што ја поттикнале да ја направи фотографијата.

„Во текот на овој проект, бев инспирирана од тетратките за скицирање и дневниците на визионерскиот италијански архитект Алдо Роси, кој веруваше дека архитектурата може да изрази нематеријални копнежи и дека во основа е потрага по значење. Ги користам фотографијата и колажот со слична намера, да ѝ дадам форма на идејата за резонантен простор” – вели Стригел.


Извор: https://www.booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото