„PMGJazz” објави албум на Дуња Иванова и Ана Пандевска

01.04.2024 10:42
„PMGJazz” објави албум на Дуња Иванова и Ана Пандевска

Во рамки на серијата концерти со музички соработници, како дел од програмата „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура”, за љубителите на современа македонска музика, издавачката куќа „PMGJazz” објави албум во живо на Дуња Иванова и Ана Пандевска.

Програмата е курирана од Мирко Попов и Владан Дробицки, а реализирана во партнерство со „Аудиокултура” и „Божиновски”. Омотот е дело на Виолета Качакова.

„Ова прекрасно издание ги става во прв план две прекрасни музичарки. Ана Падевска, млада и инспиративна композиторка и Дуња Иванова, чувствителна, но силна пијанистка. Сензибилитетот на композициите на Ана музички ја исцртува автентичната атмосфера на градот Скопје, претставена со грациозната изведба на пијано на Дуња”.

Инаку, албумот е снимен во Скопје на 26 октомври во „Аудиокултура”, a достапен за слушање и поддржување преку платформата Bandcamp.