1017 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 16:59
Пролетта во КСП-Центар Јадро донесе многу настани, сончеви денови и сезонски алергии. КСП Центар Јадро започнува со априлската разнолика програма во која секој може да најде свое катче за уживање и културно дегустирање.
• „Rib or All Parts Matter of Fact” - изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски (2 април, 12 часот)
• Концерт на Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина) (6 април, 18 часот)
• „Мојот сон” – промоција на автобиографија д-р Џемиле Берат (7 април, 12 часот)
• „Љубов во топка” – промоција на книга на Ана Јовковска (11 април, 19 часот)
• Читачка група – воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска(16 април, 19 часот)
• Интердисциплинарна работилница за движење, тело и глас со Искра Шукарова (20 април)
• „Црвено училиште” – изложба на Дубравка Угрешиќ (26 април, 19:30 часот)
Во рамки на програмата на КСП-Центар Јадро, во период од 6 март до 31 мај ќе се одржат и две „Артс Хаб” работилници.
Една од нив е работилницата современа уметност на тема Одржливи заедници под менторство на авторот Никола Узуновски која ги опфаќа темите на екологија, климатски промени и одржлив развој.
Втората тримесечна работилница насловена Вештини за оживување на авторката Клелија Живковиќ е проект кој се обидува да даде одговор на современото прашање: Дали постои поубав и пожив свет кој можеме да го создадеме?
Извор:https://centarjadro.mk