1020 hPa
82 %

13 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 06:59
На 6 март (сабота), во 12 часот, во кафе-книжарницата „Илика”, ќе се одржи работилница за изработка на бележник за книга. Креативната работилница ќе биде отворена за деца и возрасни.
Организаторите на работилницата ги поттикнуваат учесниците на целосна слбода во креирањето на свој уникатен бележник.
„Донесете ги старите весници, картони, остатоци од колажна хартија, светки, боички и фломастери и направете уникатен бележник за книга! Оставете да ве понесе креативноста и изработете бележник кој ќе се најде меѓу страниците на следната ваша лектира или, пак, ќе го подарите на некој ваш пријател или пријателка. Тимот на „Илика” ќе биде тука за да ве инспирира со интересни примери кои ќе ја поттикнат вашата креативност!” – велат од кафе-книжарницата и издаваќка куќа „Илика”.