1019 hPa
62 %
11 °C
Скопје - Сре, 22.01.2025 15:59
Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет” утре (6 април) напладне ќе започне промоцијата на новите дизајнери што ќе се приклучат на досегашната понуда на современи дизајнерски и занаетчиски производи.
„Лаб дизајн маркет ” е изложбен салон, кој се отвори неодамна во центарот „Лабораториум” (булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, односно во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија”). Маркетот како новитет за прв пат ги поставува на исто рамниште занаетчиските и дизајнерските производи, создавајќи несекојдневен микс од разнородни креативни изрази и нуди приказ во работата на дваесетина учесници и со тоа укажува на една нова современа форма на традиционалните македонски занаети.
Покрај современиот филигран, ќе најдете нови трансформации на нашите занаети како ќустеците од мониста, светски познатата „Македонска мушичка“ преточена во накит, облека од природни материјали со фокус на еколошко производство и заштита на животната средина, производи за домот од дрво, рачно изработени чевли, чанти од рафија итн.
За музичкиот избор ќе се погрижи Љупа Ангелов, а пријател на настанот е винаријата „Камник”.