1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
1. Појдоа на излет.
2. Растоварија торби.
3. Послаа веленца.
4. Избесија лулки.
5. Открија кошници.
6. Отворија шишиња.
7. Ги изобаа сите мезиња.
8. Ги изедоа сите јадења.
9. Се изнагнетија месишта со кратошија.
10. Ги испотрошија сите добри зборови.
11. Се испокараа на карти.
12. Ги испотепаа децата.
13. Се налутија со сопругите.
14. Ги запалија колите.
15. И се вратија во градот со веќе поскапен бензин.
16. И така натаму.
17. И како натаму?
Димитар Солев (1930-2003) е македонски писател, кој пишувал главно романи и раскази, понекогаш и критики и есеи. Автор е и на филмски сценарија, како и на радио-телевизиски драмски текстови. Во периодот на педесеттите и шеесеттите години, Солев се јавува како предводник на модернистичкото крило и со своите естетски конфронтации се наоѓа во средиштето на полемиките карактеристични за овој период.
Добитник е на неколку книжевни награди за своите книги.
Види го ти Солев, пишувал
Испратено на 27 февруари 2011 од ИванВиди го ти Солев, пишувал фраерски минимализам :)