Идиотот Вучиќ влегол со цела екипа со камери и фотографи и се сликал со нашите изгорени деца легнати во нивните болници. И уште фотографиите шетаат по нашите портали.
Со сигурност знаеме дека хомосапиенсот потекнува директно од македонскиот бел стаорец-итроман што пред 65 милиони години, кога умирале џиновските рептили, решил пар децении да престојува во своите подземни простории, во безбеден земјен меур. Кај македонскиот сапиенс тој меур со тек на времето еволуирал во ментален, во една сосем специјална дарба за неразбирање која обично ја нарекуваме глупост.