1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Алис Вонг
Сан Франциско е епицентар на огромната, жива и активна заедница на лицата со инвалидитет. Тоа е срцето на движењето за самостоен живот. Постои голема заедница на лица со инвалидитет, која е како и која било друга заедница, и доколку сте видени, вибрацијата е поинаква.
Зборувајќи во свое име, би рекла дека интернетот ги промени правилата на игра: можност да имате сопствен блог, да имате профил на социјалните мрежи. Има навистина многу интересни уметници со инвалидитет, обични луѓе кои креираат содржини. Не мораме да пишуваме статии и да стегаме палци дека уредниците ќе ги прифатат. Самите можеме да ги објавуваме своите текстови. Токму тоа им дава база на многу маргинализирани заедници. Иако социјалните мрежи имаат ризици. Како оган во контејнер.
Кога зборувам за видливоста, не ја премачкувам со шеќерна глазура. Треба да се чувствувате пријатно во сопствената кожа. Фактот дека има луѓе кои ги раскажуваат своите приказни за видливоста им помага на другите, на оние кои сè уште се обидуваат да сфатат како да го направат тоа. Да знаат дека не се сами. Корисно е да се гледате претставени на разни начини.
Алис Вонг во Белата куќа
Интересно е да се посматра кога нешто одеднаш ќе им се одземе на лицата без инвалидитет: - Па тоа е неправедно! Што ќе правиме? Боже, не можам да верувам! Мора да преземеме нешто! Одеднаш постои капацитет. Но, кога лицата со инвалидитет бараат нешто, вообичаено се случуваат неколку нешта. Вообичаено не ни веруваат или само се жалиме или бараме премногу.
Пандемијата покажа што навистина чувствуваат расистите, ксенофобите и ејблистите за луѓето во нашата заедница. Тоа воедно се перципира како прифатлива загуба. Зар не? Не гледам дека државата навистина реагира признавајќи ја системската нееднаквост. Луѓето во затворите умираат со алармантна брзина. Зошто воопшто би се занимавале со луѓето зад решетки? Не можеме ни да ги видиме. Одвоени се од нас и кога на тоа ќе се додаде системот кој ја одржува сегрегацијата, тоа тие дозволува да бидат обезвреднети или едноставно да останат невидливи. А тоа се црнците, постарите лица, лицата со инвалидитет. Сè е испреплетено.
Ми се чини дека не гледаме доволно радост. Еден од начините да останеме живи е да ја пронајдеме радоста меѓу нас. Тоа е она што ми помогна: односите со другите, одвојувањето време за себеси, уживање во десерт. Да, мораме да направиме простор за радоста и да уживаме во она во што можеме. Зашто има радост во инвалидитетот. А тоа се противи на сите главни идеи и прикази. Ако разговарате со луѓето кои имаат инвалидитет, тоа изгледа вака: - Го живеам животот најдобро што можам. Баш како и сите други. Очекувањата кои другите ги имаат од нас се супер, супер токсични. Тоа е нешто што треба да се деконструира.
Алис Вонг е активистка за правата на лицата со инвалидитет од Сан Франциско. Родена е со спинална мускулна атрофија. Таа е основачка и директорка на проектот Disability Visibility, онлајн заедница посветена на креирање, споделување и зајакнување на културата и медиумските содржини за инвалидноста. Беше членка на Националниот совет на лицата со инвалидитет, именувана од претседателот Барак Обама во периодот од 2013 до 2015 година. Во 2015 година преку робот присуствуваше на приемот во Белата куќа за 25-годишнината од Законот за Американци со посебни потреби. Во 2021 година ја освои наградата „Најдобра споредна улога“ за нејзината изведба во Someone Dies in This Elevator. Авторка е на четири книги за попреченоста.
Превод: Алек Кузмановски
Извор: https://portaloinvalidnosti.net/