1011 hPa
55 %

16 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 20:59
Денес, 15 април (понелник) во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024”, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ со предговор на Владимир Јанковски, објавена од издавачката куќа „Полица“
Во процесот ќе земат учество:
СУДИЈА: Владимир Мартиновски
ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Венко Андоновски
ЈАВЕН БРАНИТЕЛ: Гоце Смилевски
АДВОКАТ: Владимир Јанковски
Сведоците повикани од обвинителот и од одбраната се:
Соња Стојменска-Елзесер
Марија Гиревска
Иван Шопов
ПУБЛИКА: Вие и сите други што ќе се осмелат да дојдат
Понесeте 600 денари за да ја купите книгата, бидејќи ова е можеби единствената можност да дојдете до инкриминираното дело пред да биде осудено!
Немојте да го пропуштите овој настан што во идните истории на книжевноста ќе биде познат под името: „Афера со аквариумот!”
Можни се драматични пресврти во текот на судењето!
Судиите предупредуваат на притисоци што врз нив се вршат од некои писателски кругови!
Потсетување на правилото:
Никој не е виновен пред да се докаже вината!
(Кажано со стручна терминологија: „In vino veritas” т. е. „ Veni, vidi, vici”)
Правни стручњаци тврдат дека постои можност за амнестија на сите учесници (вклучувајќи ја тука и публиката)!
Дојдете и присуствувајте на најсензационалниот настан во македонската книжевност од појавата на книгата „Глувчето Мице” на Ванчо Николески!
Дозволено е:
- внесување музички инструменти
- носење маски
- цитирање марксистичка литература
- грицкање семки
Извор: https://www.polica.com.mk