1012 hPa
33 %

29 °C
Скопје - Нед, 20.07.2025 10:59
Третата средба на читачкиот клуб „Одрадек” беше посветена на Семјуел Бекет (1906 – 1989) и неговата славна пиеса „Чекајќи го Годо”. Праизведбата на пиесата во Париз, улогата на Бекет во драмската и светската книжевност, но и неговата специфична позиција на автор кој пишувал на англиски и на француски јазик, се некои од темите за кои разговаравме во третата епизода од книжевниот поткаст.
Разговорот го води Никола Гелевски, а учествуваат Деспина Ангеловска (професорка на ФДУ), Ѓорѓи Јолевски (актер и режисер) и Зоја Бузалковска (професорка на ФДУ и реќисерка). Книжевниот поткаст е во продукција на Марија Каева.
Разговорот може да се проследи и на линкот на Spotify.
Слика: Quentin Blake