Четрнаесетгодишна медицинска сестра размислува тонејќи в сон

19.04.2024 14:08

Сите куршуми на светот
да ме погодат мене,
нема веќе да можат да погодат никого.

И да умрам толку пати,
колку што има луѓе на светот,
тие веќе да не мораат да умираат,
дури ни Германците.

И луѓето воопшто да не знаат,
дека јас сум умрела за нив,
за да не бидат тажни.

Превод: П. В.

Anna Świrszczyńska (1909-1984) е родена во Варшава и пораснала во сиромашни услови, како ќерка на уметник. Почнала да објавува песни во 1930-ите. За време на нацистичката окупација на Полска, се приклучила кон полското движење на отпорот и била воена медицинска сестра за време на Варшавското востание.

Пишувала за илегални весници и еднаш чекала 60 минути за да биде убиена. Чеслав Милош ја познавал во тоа време и превел дел од нејзините песни. Искуствата за време на војната силно влијаеле на нејзината поезија. Во 1974 година ја објавила Изградба на барикадата, дело во кое ги опишува страдањата на кои била сведок. Важна тема ѝ е женското тело во различни фази од животот.

Шпанскиот композитор Луис де Пабло премиерно ја изведе во 2019 година Cantata femenina Anna Swir, заснована на неколку песни од Ана Швиршчинска.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото