Фотографии од отворањето на изложбата „Црвеното училиште” на Дубравка Угрешиќ

29.04.24 14:09

Во петокот (26 април), во КСП Центар Јадро, со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште” започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт.

На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Пред писателката одненадеж искрснале два света – дамнешен, заборавен свет на учебникот – книгата за почетници, кој ветувал среќна иднина, и другиот, стварниот, кој таа иднина брутално ја оспорувал.

Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

На отворањето на изложбата говореа Маја Бојаџиевска и Петар Милат. Изложбата ќе биде отворена до 9 мај, кога со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи промоцијата на четири книги од Дубравка Угрешиќ, проследена со разговор.

Во продолжение претставуваме неколку фотографии од Наташа Гелева од неодамнешното отворање на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ.

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Култура / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото