Дали слободата умее да пее?

25.02.2011 15:45
dali-slobodata-umee-da-pee_1.jpg

Македонските елити веќе дваесет години папагалски повторуваат дека идеолошкото, економското, културното втемелување на новиот општествен и државен поредок треба да се одвива според моделот на западната демократија. Во практиката гледаме нешто друго (демократските видици често завршуваат со бодлива жица, вели Орвел): една прилично грда мешавина од авторитаризам, феудализам, првобитен капитализам и социјалистичка бирократизираност. Затоа сметам дека не е лошо, од време на време, на систематски збудалуваниот и осиромашуваниот народ да му се соопштуваат вистинските начела на западната идеја за демократија, начела коишто во голема мера се потпираат врз идеите за солидарноста, еднаквоста, општествената правда, политичките слободи, нешта коишто нашиве острастени и примитивни водачи (не само од политичката сфера) со леснотија ги отфрлаат како застарени реликти на социјализмот.

За жал, дури и после дваесет години самостојна држава, ние не изградивме кредибилна општествена елита која вредносно ќе го постави општеството на постабилни нозе. Клучните играчи на македонските елити сè уште се кусогледите дневни профитери кои немаат визии, принципи, концепти, кои немаат подлабоки политички или идеолошки знаења; локални махери за лактање и клоци под маса, демагози и лицемери - тие се лицето на современа Македонија. А такви се затоа што хулиганските вештини денес обезбедуваат статус и успех во нашата земја.

Што не значи, се разбира, дека треба да ги наведнеме главите и да цимолиме што господ ни дал таква политичка и општествена елита. Моќта на независните медиуми, на автономниот невладин сектор, на разните цивилни иницијативи, едноставно на поединците во сета нивна слобода - ќе треба да јакне, ќе треба да и’ се спротиставува на општествената умртвеност, на цементирањето на односите на моќта. Пропулзивноста, динамиката, натпреварувањето во фер и цивилизирани услови - тоа треба да станат новите заеднички вредности.

Слободата, пак, како клучна општествена вредност, нема да ни падне од небо; за неа, како и за сето друго, ќе треба да се избориме. Можеби дури тогаш, со начелата на слободата во себе, ќе бидеме спремни да влеземе во „западниот културен круг“. Тоа, на некој начин, го вели и социологот Орландо Патерсон во својата книга „Слободата во создавањето на западната култура“:

„За целиот незападен свет слободата не беше пожелна цел. Други идеали и вредности беа и сè уште се поважни: потрагата по слава, чест, моќ за себе и за кланот, национализмот и владетелската големина, милитаризмот, пиететот спрема предците, нирваната, ширењето на 'вистинската вера', хедонизмот, правдата, еднаквоста, материјалниот напредок - списокот е бесконечен. Но, речиси никогаш, надвор од контактите со западната култура и нејзините влијанија, тие вредности не ја вклучуваа слободата.“

Марвин Пери во „Интелектуалната историја на Европа“, за главни достигнувања на модерниот Запад коишто сè уште носат снажна општествена порака ги смета следниве вредности:

- Tрадицијата на разумот, која го овозможува научното сфаќање на космосот, користењето на природата за добробит на луѓето и идентификација и реформа на ирационалните и противзаконски институции и убедувања;

- Традицијата на политички слободи, што е темел на демократските институции;

- Традицијата на субјективни слободи, што ја потврдува способноста на поединецот за етичка автономност;

- Традицијата на хуманизмот, која на поединците гледа како на креативни поданици коишто имаат право и можност да го остварат својот полн човечки потенцијал;

- Традицијата на еднаквоста, која изискува пред законот сите да бидат еднакви;

- Традицијата на човечкото достоинство, која го потврдува ненарушивиот интегритет и вредностите на човечката личност и е погонска сила зад која сега стои глобалната борба за човекови права;

- Традицијата на општествена правда, која инсистира на тоа заедницата да има морална обврска да им помогне на сиромашните и унесреќените.

Уште една важна работа сакам да нагласам на крај: суштината на неуловливиот феномен на „нацијата“ (која е „постојан дневен консензус“) е непрекинатото менување. Дури и кај „големите“ европски нации фрапантни се променетите светогледи во изминативе дваесет или педесет години. Скорешните политички непријателства денес се претворени во потпорни столбови на комплексната градба на европското заедништво. Затоа и идентитетот на Македонецот треба да се гради долгорочно, низ многубројни интеракции и низ постојано дејствување. Тоа дејствување, меѓу другото, подразбира совршен распоред на приоритети.
Малкуте преостанати разумни Македонци треба постојано да им објаснуваат на граѓаните зошто ЕУ во моментов е нашиот најголем предизвик. Светот на почетокот на 21 век се наоѓа на голема пресвртница. Глобалната политичка слика на големо се менува. Разбирањето на таа слика е клучно за опстанокот на државите и поединците. Оној што ќе ги сфати промените и смеровите на ветриштата – има некои шанси за иднината.

„Глобус“, 22.02.11.

слики: Christer Karlstad

,kao sto su suznji pevali o

,kao sto su suznji pevali o njoj.

ништо за фашизмот? WTF!?

ништо за фашизмот? WTF!?

...te prasav nesto na

...te prasav nesto na pogreb....i ne mi odgovori....koga ke mi odgovoris togas moze da zborime!!!! Pop

Е, Поп, наместо одговор, едно

Е, Поп, наместо одговор, едно раскасче:
Во Археолошкиот музеј
Ацо Станковски, членот на Советот на министерот за култура, во една пригода им раскажал на своите колеги од Советот, Цветан Грозданов, Паско Кузман и Љубиша Георгиевски, едно свое необично искуство: „Чекајќи да дојде високата делегација во рутинска контрола, се шуткав низ мрачните одаи на Археолошкиот музеј, опкружен со купишта обезглавени статуи, ноќе, кога одеднаш слушам цврст и рапав глас, како кога некој би чекорел на врвовите од прстите врз куп лушпи од јајца: ’Паскоооо - Куууузмааан - гооомна - да јаааадееее...’, вика гласот, онака морничаво, ко страшен поп (мислам, не ко мојот пријател Поп-Дучев или, скраја да е, нечестивиот Мирко Попов, туку како православен поп од МПЦ). Низ грбот во тој момент ми пролета студена капка, како некој леден инсект да се лизнал низ рбетното тобоганче“.

...ги читам јас, те читам,еј,

...ги читам јас, те читам,еј, и многу повраќам!!! ако сакаш да повраќаш со мене (а не можеш!), одговори ми прво на прашањето од погребот. А откога ќе ми одговориш, ќе те замаам со други прашања...( како пример: со што си ја бришеш чакрата?....со што устата?....со марамче?.... а на марамчето трагови од јаготки?...или обратно?)

Za da imas r'betno tobogance

Za da imas r'betno tobogance treba da imas r'bet.
I Ice vrati mu go maramceto na covekov.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото