Од 500 илјади гласови во 2002, СДСМ спадна на 150 илјади

10.05.2024 08:00
Од 500 илјади гласови во 2002, СДСМ спадна на 150 илјади

„На претходните избори, во 2020 година, СДСМ освои 327.408 гласови” - вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

По 7 години власт, СДСМ на парламентарните избори го доживеа најтешкиот пораз во историјата и се најде во позиција да биде третопласирана партија, зад ДУИ, според бројот на пратеници.

Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите на парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места и 431.251 гласови, коалицијата на ДУИ 19 пратеници и 137.486 гласови, СДСМ има 18 мандати и и 153.250 гласови, ВЛЕН 13 и 106.991 гласoви, Левица 6 со 67.338 гласови и ЗНАМ 6 пратеници со 55.539 гласови.

Освоените 153 илјади гласови се убедливо најслаб резултат за СДСМ на 11 парламентарни избори досега од независноста, неспоредливо со најдобриот резултат на партијата, остварен на 15 септември 2002 година, кога СДСМ победи со 497.342 гласови, што е и најдобар резултат на која било партија воопшто.

Извор: https://sdk.mk