„Art Exhibitions” – изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

10.05.2024 07:09
„Art Exhibitions” – изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions” е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да им овозможи платформа за нивна промоција. Во КСП Центар – Јадро, на 11 мај (сабота), во 20 часот ќе се одржи шестото издание на кое со свои дела ќе се претстават уметниците Ива Станковска и Јана Николовска. Претходните едиции на овој циклус изложби беа огранизирани во субкултурниот центар „Shortbus”. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Додев.

Ива Станковска дипомирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Досега учествувала на голем број групни и самостојни изложби, а била дел и од неколку колаборативни проекти. Нејзиниот работен процес вклучува истражување на различни материјали, нивните карактеристики и можности што ги нудат за да станат уметнички дела. Истражувачките методи ѝ овозможуваат да работи со различни материјали, вклучувајќи епоксидна смола, стакло и огледало, мраз, текстил, фасадна боја, замрзната боја и преку различни медиуми како сликарство, скулптура и site-specific инсталации.

Јана Николовска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Првите медиуми во кои создавала се сликарството и цртањето, а подоцна почнала да се занимава со фотографија и дигитални медиуми. Го истражува дигиталниот свет создавајќи колажи од нејзините фотографии, како и дигитални илустрации. Нејзиниот креативен процес во поново време вклучува експериментирање со видео и звук.

ОкоБоли главаВицФото