Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот”

10.05.2024 07:59
Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот”

Во Културно-информативниот центар денес, на 10 мај, во галеријата Империјал 1 ќе биде отворена групната изложба на студентите од осмиот семестар на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности - Скопје насловена „Четирите мајстори на модернизмот”.

Изложбата е дел од реализацијата на Европскиот проект CreArt 3, со активноста ,,Европски месец на креативноста” на Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар.

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот” е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 30 мај 2024 година.

ОкоБоли главаВицФото