1029 hPa
32 %
18 °C
Скопје - Вто, 05.11.2024 13:48
Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера” ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар.
Оваа година земја во фокус на Литера” ќе биде Турција со претставување на извонредни илустратори и автори на книги за деца од оваа земја. Во рамките на фестивалот за првпат ќе биде организиран Саем на литература за деца, каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми.
Идејата зад слоганот ,,Летаме заедно” е дека со помош на книгите летаме до најголемите височини. Наташа Андонова, уметница и илустраторка на книги за деца, се потпишува зад креацијата на плакатот за шестото издание на „Литера”. Таа во рамките на „Литера”, годинава, ќе има самостојна изложба на илустрации, како уметник кој учествувал во создавањето на повеќе книги за деца.
Андонова, со својата уникатна техника и визија, претставува извонреден пример за креативност и талент. Нејзините илустрации за деца се вистински визуелни поетски дела, кои ги оживуваат приказните и ги претвораат во вистинско литературно патување. Таа беше добитничка на наградата за најдобра илустрација на 5. издание на фестивалот „Литера”.
Целосната програма за „Литера” 2024 може да се проследи овде.