1012 hPa
39 %
35 °C
Скопје - Нед, 19.07.2026 13:59

Во Галерија „Рудиќ” (Бул. АСНОМ 74), денес, 13 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Имре Сабо, насловена „Цртички на животот”.
Роден во Мокрин, Србија, изложувал фотографии на преку 200 групни изложби и 23 самостојни изложби. Од 1980 година работел како фоторепортер во „Илустрована политика”, „Политика”, недељници „Интервју”, „Нин”... Неговите фотографии беа објавени во многу значајни светски списанија (Stern, Focus, Spiegel, Le Monde, L'Express, Time, Newsweek, Herald Tribune, Le Nouvell Observateur...) и во повеќето југословенски весници, како и во повеќе монографии, каталози и публикации на ULUPUDS од 1985 година.