1011 hPa
41 %

25 °C
Скопје - Пет, 23.05.2025 10:45
На 15 мај, во мултимедијалниот простор „Котур” ќе се одржи петтото издание на FAME'S Institute Unplugged сесиите.
Овој уникатен концерт претставува прилика за првпат да се слушне класична музика на подрумската сцена во Котур и да се слушне одличната програма за камерна музика која ја подготвуваат студентите на FAME'S Институтот од различни европски земји, под менторство на светски реномираниот виолист Питер Барсони и диригентот Јоаким Бадиа @joaquim_badia, како дел од активностите во рамки на мајските семинари.
Влезот е слободен и концертот почнува во 20 часот.