1019 hPa
94 %
12 °C
Скопје - Чет, 16.04.2026 09:36
Претставуваме една восхитувачка серија на фотографии на германскиот фотограф Вини Винтермаер. Винтермаер е роден во Германија, моментално живее во Сан Франциско, а своето време го посветува на работа на уреднички и уметнички проекти.
Проектот насловен „Вкрстувања” (Intersect) претставува серија фотографии кои ги доловуваат комплексните модели на траги од гуми на асфалтот:

„Нивната убавина и комплексност ме потсетува на апстрактни слики и калиграфија. Движењето на автомобилите снимено во слоеви станува случајна уметност. Фотографирани од птичја перспектива, линиите што се вкрстуваат откриваат разиграност наспроти ригидниот урбан пејзаж ”, вели фотографот Вини Винтермаер.








.jpg)
Извор: https://www.booooooom.com