Првиот говор на Претседателката

13.05.2024 10:18

Евидентно е дека советниците во Бела палата и на Водно треба час поскоро да седнат и да почнат да ја формираат новата Претседателка. Која очигледно допрва треба да ја научи дистинкцијата меѓу предавач и шеф на државата. Нејзиниот прв говор од победничка позиција, наместо да биде искористен за дефинирање на претседателството, се сведе на чудна, безмалку Сара Палин тирада на самофалење, чудни (симптоматични) погледи кон плафонот и плитки обиди да се дистанцира од предизборната „балканска” Силјановска, еднооката „мајка на моите” и „маќеа за другите”.

Со ваков пристап, со ваква поза на делење лекции, единствено посакувам барем десет минути да бидам мува во кабинетот на Макрон или Шолц и со штоперица в рака да ги гледам нивните фаци додека горда Гордана им дели лекции, подучува демократија и ги гледа гологазните Амори и Нимфи на плафонот. Пред соговорниците да ѝ напишат масна петка во индексот по предметот „политичка реалност и политикантска реторика”.

Арсим Зеколи, Дојче веле, 09.05.24.