Ноќва сум Палестинка

13.05.2024 09:50

Ме набедувале,
ми наредувале,
страсно ме плукале,
терористи, сексисти,
еден маж повеќе жени,
дивјаци, заостанати, неписмени.

Забораваш дека и кај тебе порано
беше три жени четири конкубини,
врзани стапала,
мажи со репчиња
што пушат опиум,
јадат без нож и вилушка,
без салфета,
без тоалетна.
Забораваш дека и кај тебе ѕидови се градеа
И со векови се колеа.

Ноќва сум Арап, Египјанка,
Јорданец, Сиријка, Ирачанин, Либанка,
Персијка, Грк, Асиријка, Хананец,
ноќва сум сѐ,
и ништо не сум.
Дај ми простор, да пораснам во дрво,
да излетнам во птица,
да полегнам во слободно кралство.

29.4.24.


„Посветено“ на моите сограѓани, кинеските поети, кои ги обвинуваат Палестинците и студенстските протести.

Минг Ди е поетеса и преведувачка родена во Кина, со престој во САД. Авторка е на седум книги поезија на кинески. Соработувала со Lyrikline (Берлин), била уредник на кинескиот домен на Poetry International Web (Ротердам) и коорганизатор на Меѓународни работилници за превод, во Пекинг. 

Превод: Сара Цветановска

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото