1021 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Пон, 14.09.2026 00:59

Изложбата на уметникот Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт”, ќе биде отворена во објектот Даут-пашин амам денес, 15 мај во 20 часот.
Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.