Македонскиот роман и современите тенденци во светската книжевност

15.05.2024 06:41
Македонскиот роман и современите тенденци во светската книжевност

Во четврток, 16 мај, со почеток во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (големиот амфитеатар, А3) во Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност”.

Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” и Филолошкиот факултет „Блаже Конески” се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.