Газа

15.05.2024 15:57

Газа не е град
туку осумкратен концентрационен логор.
Два милиони бегалци,
цитрус, грнe, предивo, пустo острoвo.

Палестина не е земја
туку 165 островчиња.

Палестинскиот архипелаг
не е опколен со вода
туку со окупирана територија,
отцепена.
Енклави,
побројни од Еврејските концентрациони логори,
Ерменските концентрациони логори,
и Индијанските резервати,
заедно.

Толку прецизно расцепкана, распарчена енклава,
ремек дело
што само воен гениј може да го срочи.

Дивите островјани, мора да се покорат,
оголените брда, мора да се срамнат,
па цивилизациското море да протече?
Островите да се претворат во птици
па да бидат слободни?
Па зошто тогаш им се сече грлото?

Сум била во Аушвиц, Дахау,
сум била во Ерменија,
сум била во Индијанските резервати.
Да одиш таму, би се прашал зошто немаат развиена економија?
Ќе речеш ова е победа на цивилизацијата над варваризмот?

Од Еврејските гасни комори, до Палестинските енклави,
од бродот Мејфлауер до Индијанските резервати,
зошто жртвите стануват џелати?
Зошто грасрутот ја поткосува тревата?

Превод: Сара Цветановска

 

ОкоБоли главаВицФото