17. издание на фестивалот за современа музика „Модоарс”

17.05.2024 06:46
17. издание на фестивалот за современа музика „Модоарс”

Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 17. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс”. На отворањето ќе настапат пијанистите Ервин Леитер (Унгарија/Грција), Леонид Петрески и Стефанија Јонческа-Тонски. Тие ќе изведат дела од класичната и современа музика, меѓу кои Моцартовиот „Турски марш”, „Ероика варијации” од Бетовен и Скерзо бр. 4 од Шопен.

Следуваат концертите на гитаристите Дејан Несторов и Александра Кировска и пијанистката Ангела Николовска кои ќе настапат на 30.05.2024 во галеријата Даут Пашин Амам во 20 часот. На 15-ти јуни, во Даут Пашин Амам ќе се одржи и концерт за деца на кој ќе настапат учениците од Пијано академијата Модоарс. На затварањето на фестивалот ќе настапи пијанистката Ема Попивода со концертот кој воедно е промоција и на нејзиниот нов албум „Суперсоник & Акустик електроникс”.

Фестивалот Модоарс донесува нова свежина на скопската културна сцена, а публиката со сигурност ќе има можност да ужива во концертите со несекојдневна музичка програма и изведба на извонредни музички ументици.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија и Општина Центар.