1010 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 10:59

Денес, 17 мај, во 20 часот, во Киноверзум - Дом на култура „Билјана Беличанец”, ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм „Прошетка” во режија на Елеонора Венинова, во продукција на „Три точки”.
Снимен во еден кадар, филмот ја раскажува приказната за едно девојче кое низ разговор со нејзиниот соговорник се обидува да дознае што се случило со баба ѝ.
Филмот ја имаше светската премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Леувен, Белгија, американската премиера на SEEfest во Лос Анџелес, а во следниот период следува и премиера на филмот во Шпанија.
Главни улоги: Билјана Драгичевиќ, Надиа Кирковска
Режисерка и Сценаристка: Елеонора Венинова
Кинематографер: Фејми Даут
Монтажер: Гоце Кралевски
Композиторка: Мартина Силјановска
Дизајнер на звук: Дарко Спасовски
Сценгорафка: Александра Петковска
Костимографка: Жаклина Крстевска
Шминкерка: Ирена Сенокозлиоска
Продуценти: Гоце Кралевски, Елеонора Венинова
Филмот е продуциран од продукција „Три точки” во соработка со ДНФ Филмс и поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија.
Влезот е бесплатен, но потребна е претходна резервација на билет. Сите заинтересирани може да испратат порака на мејлот info@tritocki.mk.