1033 hPa
73 %

-5 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 05:59
Самоуката уметница Лорен дела Рош живее во Сент Луис, Мисури, а започнува да се занимава со уметност и со развивање на својот талент прифаќајќи го охрабрувањето и поттикот од страна на нејзините пријатели Тинан Кер и Ендрју Мазорол, кои ги запознала работејќи на есенските жетви на шеќерна репка во Северна Дакота.
Тројцата пријатели го поминувале своето слободно време цртајќи заедно во една загреана приколка. Лорен дела Рош своето прво изложување го реализирала со своите пријатели во 2012 година во кафулето Modern Times во Минеаполис. Денес нејзините дела се во колекциите на Музејот за уметност на Северна Дакота и Институтот за уметност во Минеаполис, како и во бројни приватни колекции.
„Моите фигури живеат во средина која наликува на сон, а ги создавам користејќи произволно одбрани бои со задавање жестоки потези со четката. Моите визуелни влијанија доаѓаат од класичната грчка митологија, рачно изработени везови, ткаенини, домашни ентериери, музиката и мојот живописен свет на соништата. Создавам слики кои истовремено ги истражуваат рамнотежата и нелагодноста: женските актови се впуштаат во ритуални чинови, мачките и кучињата живеат хармонично, а дивите животни изгледаат како да се питоми и престојуваат во домовите. Сите суштества имаат слични шарки, точки и гестови, но и покрај тоа што овие фигури се сместени во нивниот припитомен, домашен контекст, злокобноста е секогаш навестувачка закана”.
Извор: https://www.booooooom.com