1027 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Нед, 14.12.2025 14:59
Ги сонував Израел и Палестина,
една држава, два изданока,
и уште една зелена партија, и партија на мирот,
на една иста земја, на едни исти дрва, листиња се веат,
два три народа, пет шест јазика,
дораснати, слободни,
свои знамња си веат и своите песни си ги пеат,
слободни, самостојни, еднакви.
Америка праќа хартиено оружје,
сето хартиено
хартиени проектили, хартиени дронови, хартиени бомби.
никој не експлодира,
Газа не е урнисана,
месечината од прав не е еклипсена,
војна не е водена,
го сонував Ерусалем
споделен,
пет шест јазика по уличките,
на телефонските кабли птичките
свиркаат девет различни песни,
нема куршуми,
само слободно ветрот вее.
Превод: Сара Цветановска