Горан Лончаревиќ и „Fließgewässer“ во „Буква“

22.05.2024 14:25
Горан Лончаревиќ и „Fließgewässer“ во „Буква“

Утре, 22 мај, во 21 часот, во кафе-книжарницата Буква, ќе се одржат концерти на српскиот музички уметник и звучен колажист на електронска амбиентална музика, Горан Лончаревиќ и германскиот музичар „Fließgewässer“, кој компонира електро-акустична и амбиентална музика.

Горан Лончаревиќ е музички уметник и звучен колажист кој комбинира електронски амбиентални пасажи со хорска музика, создавајќи преку тоа постминималистички композиции од тивки, повторливи звуци.
Негови композиции можете да чуете на Bandcamp, како и на следниот линк на Youtube.

„Fließgewässer“ (герм. текушта вода; името на личниот звучен експресивен образ на Хајнцел) е смислена музичка мистификација, електро-акустична музичка игра, родена од случајните разговори за непредвидливата и несигурна иднина, која нѐ обврзува да импровизираме и постојано да се приспособуваме на околностите. Во жанровска смисла, „Fließgewässer“ осцилира меѓу амбиенталната музика, но-фолкот, нојзот и панкот.

Повеќе музика и информации за „Fließgewässer“ можат да се проследат на следниот линк.