Портокал (или песна за љубовта)

22.05.2024 17:56

Зрел и голем, го земам во левата рака,
со десната го милувам,
со показалецот му го допирам речиси секој набор.
Јазлите, во кои престојува неговата стврдната тага,
секогаш ме изненадуваат со својата големина.
Со нокт го правам првиот убод.
Не дава поголем отпор
и не се буни.
Во тишината
со жолта солза
си ја возвраќаме јас и тој
согласноста за мачниот процес што следува
и го означуваме почетокот.
Натаму сè оди по разгазен пат:
му го разголувам едното рамо,
па другото.
Потоа половината.

Наскоро сосема гол
под тенката проѕирна кошула
трепери пред нашите очи.

Ајде, подели го, изгледа добро – велиш,
чекајќи на онаа оддалеченост од која
сè ни се чини добро.
Одолговлекувам со последните потези на слекувањето
оти знам
кога сосема ќе го соголам и поделам
ќе биде тешко да се одржи
дури и сеќавањето
на убавината на неговата целовитост.

Превод: Санде Стојчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото