Четврта епизода на читачкиот клуб „Одрадек”: Ингеборг Бахман и расказот „Сѐ”

23.05.2024 10:31
Четврта епизода на читачкиот клуб „Одрадек”: Ингеборг Бахман и расказот „Сѐ”

Во четвртата епизода на поткастот „Одрадек” се водеше разговор за познатата австриска писателка од повоениот период Ингеборг Бахман (1926 – 1973). За тема на дискусијата беше одбран расказот „Сѐ”, објавен во збирката раскази насловена „Триесеттиот ден” ден во 1961 година (на македонски во издание на Темплум, со наслов „Сѐ” и на КСЦ Полица Тринаесеттиот ден).

Разговорот го води уредникот Никола Гелевски, а учествуваат писателката Хана Корнети, Марија Каева и Катерина Шекутковска.

Дискусијата може да се проследи на линкот на платформата Spotify, а на Инстаграм профилот на кафе-книжарницата „Илика” може да се види и кратко видео.

Слика: Anna Stiopina