Спој од научна фантастика и митологија во модниот дизајн на Руносуке Оказаки

27.05.24 10:24

 

 

Футуристичките модели на стилистот Руносуке Оказаки го облекуваат телото во руво од древни духови и филозофии на природата.

На прв поглед, модните писти на дизајнерот Руносуке Оказаки сугерираат далечна иднина. Неговите модели се декорирани со сјајни, надреалистички силуети, а неговите технички импресивни фустани со смели скулпторски витли претставуваат ултра модерен израз.

Но, формите всушност кореспондираат со архаичната лоза, преземена од религиозната орнаментика на Јапонија од времето Џомон (праисториски период помеѓу 4,000 и 300 г. п.н.е.) и хроматиката на шинтоистичкиот симболизам.

Бидејќи неговите халуцинантни облеки привлекуваат меѓународно внимание, новодојденецот на Модната недела во Токио го презема центарот на вниманието со неговата пролетна колекција насловена Ready-to-Wear која во непрестајно движење еруптивно извира од материјалот.

Мудрост во креирањето на облеката

Првичната вокација, пред да пристигне во светот на модата, на финалистот на престижната награда LVMH од 2022 година, Руносуке Оказаки е графички дизајнер, образован на Универзитетот за уметности во Токио. Таа негова прецизност е очигледна во неговите креациии каде што јасно може да се види извонредниот начин на употреба на линијата. Користејќи полиестер, памук и ребрести плетенини, тој црта остри, издлабени форми кои маѓепсуваат додека се шират налик на ливчиња.

Нивните бесконечни спирали и испакнати агли, кои упатуваат на разлистена лоза или дзени од традиционална керамика од јапонската праисторија, ги оживуваат минатите цивилизации кои постоеле во постојана хармонија со природата.

Во меѓувреме, нивниот оптички ефект што е знак на влијанието на француските надреалисти, референца опширно истражена од Руносуке Оказаки, бидејќи нивните апстракции укажуваат на неконтролирана мисла или акција. Нивните психички димензии гестикулираат отвореност кон хаосот.

Колку што неговите визии напредуваат кон иднината, Руносуке Оказаки кој потекнува од Хирошима, ја надополнува својата мода со духот на колективната меморија. Во задгробниот живот на историската катастрофа, нивните форми преживуваат благодарение на психичките дисторзии предизвикани од модерноста и на некој начин како да го откупуваат отсечениот соживот на природата и културата.

За списанието Blanc тој објаснува: „Хирошима, мојот роден град, настрада во атомските бомбардирања, губејќи ги своите луѓе и природата. Стотици кранови со хартии со молитви ширум светот се испратени во Хирошима со надеж дека нема да се повтори истиот инцидент. Молитвите создаваат блискост помеѓу луѓето и природата, предметите на обожување“.

Елегантни, но и поетични, на неговите облеки би можело да се гледа како на жива филозофија - додека нивните блесоци навлегуваат во несвесното, претставувајќи ги односите меѓу човечкото или вештачкото, со недофатливоста на природата изведена во форма на геометрија која како да потекнува од некоја друга димензија.


Извор: https://pen-online.com

ОкоБоли главаВицФото