1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Фестивалот на краток филм „Филмај” 2024 ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток), во Занаетчиски дом - Куманово. Двете вечери на шестото издание на фестивалот ќе започнат во 20 часот. Влезот ќе е бесплатен за посетителите.
На „Филмај” 2024 ќе бидат прикажани наградените филмови: филипинскиот „Жими сè најмило” режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол” со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат” (Шпанија) по сценарио на Пол Диглер и Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода” режиран од Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри” (Русија) како најдобар краток филм. Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови.
Стручното жири на овогодишниот „Филмај” беше составено oд Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер).
Фестивалот, започнат во 2019 година, е со идеја за поттикнување, поддршка и подобрување на создавањето на кратки филмови. Исто така е со намера да начне и засили гледачка желба и насоченост кон уживање на краткиот филм.
Дополнителни информации и детали може да се следат на фејсбук страната на фестивалот „Филмај”.