1010 hPa
88 %
13 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 03:59
Група палестински уметници го користат „универзалниот јазик” на уметноста за да испратат важна порака. Во време на војна во Газа тие создадоа симбол на надеж и отпор преку трансформирање на фотографии од ракетни експлозии.
Уметниците Тавфик Гебрил, Бушра Шанан и Белал Калед на фотографии од регионот исполнет со чад нацртаа слики со симболи за мир, претставувајќи стегнати тупаници, коњи кои слободно трчаат и родители кои спокојно си играат со своите деца.
Гебрил, палестински архитект кој живее во Газа, вели дека почнал да црта слики врз чадот од израелските ракетни напади како начин да ја спои својата работа со реалноста што ја гледа.
Тој вели дека преку цртежите сака да испрати порака на „универзален јазик разбирлив за сите народи во светот”.
„Би сакал да направам неколку изложби во неколку земји и да ги објавам моите приказни на страдањата на палестинскиот народ преку графичката уметност и така светот да го запознае Појасот ”, додава Гебрил.
Извор: https://www.independent.co.uk