Протестен собир за солидарност со Палестина

03.06.2024 09:35
Протестен собир за солидарност со Палестина

Денес, 3 мај (понеделник), на платото на УКИМ, во 17 часот, ќе се одржи протестен собир во организација на студентите, професорите и работниците на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој како една од најзначајните академски и високообразовни институции, е должен да го прекине срамниот молк и да заземе став за едно од најголемите злосторства во поновата историја.

Меѓу другото, на собирот ќе бидат истакнати барањата до универзитетот и студенти додипломци и постдипломци, алумни, професори и работници на УКИМ ќе имаат прилика да ја покажат својата солидарност со палестинскиот народ и со палестинските универзитети.