1006 hPa
24 %

38 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 12:59
Нaпати треба
да се затркала сопственото око
низ огледало,
да се преврти сликата на светот.
Не мислиш ли
дека е тоа, можеби,
вистинската стварност?
Се прашуваш,
гледајќи воден аквариум,
дали тоа ние пливаме,
дишејќи тешко
во големата соба?
Додека нас,
жолтите рипки со црвени перки,
нè хранат,
заедно го чекаме
исходот
од различните прилагодувања.
А нè дели
само
тенок
стаклен
ѕид.
Превод: Санде Стојчевски