Концерт на Драган Теодосиев и Дени Омерагиќ

03.06.2024 11:04
Концерт на Драган Теодосиев и Дени Омерагиќ

Вечерва, 3 јуни (понеделник), во кафе-книжарница „Буква”, со почеток во 21 часот, ќе се одржи концерт на Драган Теодосиев (тапани) и Дени Омерагиќ (бас гитара, контрабас, синтесајзер).

Драган Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.
Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна” од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија”. Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои токму хиперактивниот џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев.

Басистот Дени Омерагиќ е дел од младата и пулсирачка генерација на македонската музичка сцена. Мулти – инструменталист и продуцент, препознатлив по неговото учество во бендовите: „Светлост” и „Fighting Windmills”, како и по соработките со низа припадници на македонската алтернативна и авантгардна сцена. Тој е предводник на оркестарот „Светлост + Odron Ritual Orchestra”, чии албуми во 2019 и 2021 доживуваат светски успех. Учествува како автор на повеќе од дваесет дискографски изданија на издавачки куќи како PMG JAZZ, SJF Records, Шарла, Канал 103, Ако никој не свири и др.

ОкоБоли главаВицФото