„Мачки и девојки”

03.06.24 12:19

Претставуваме неколку невообичаени пастелни цртежи од уметницата Каролин Вонг на кои се прикажани жени и мачки на заедничка гозба. Делата на Вонг се одговор на традиционалните претстави на жените од Источна Азија, бидејќи „субвертирањето на овие идеали” е од суштинско значење за нејзината практика.

Иако нејзината уметничка авантура започнува со потрадиционални форми на портрет, таа постепено преминува на поекспресивни форми како повпечатлив начин на оставање трага. Вонг го споредува креативниот процес со чинот на јадење - радоста и декаденцијата кои ѝ овозможуваат да се одвои од светот и да си дозволи препуштање на моментот.

„Мачки и девојки“ радосно го прифаќа таквиот вид на хедонизам. Во амбиент на одредена тегобност, но и катарза, жените на Вонг делуваат намерно непослушни: пијани и разбушавени, јадат ненаситно и сластно и повраќаат заедно со мачките. Овие цртежи се приказ на ентузијастички отпор против конвенцијата и уредноста.

Исто така, преку нив уметницата ги покренува прашањата за женското задоволство, контролата врз сопственото тело и односот на жените со храната, како и една со друга. Мисијата на Вонг е да направи простор, да го пополни и, можеби најважно од сѐ, да не се чувствува виновна што го презема.

Извор: https://www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото