Изненадувачки статистики за сексот

28.02.2011 15:10
Изненадувачки статистики за сексот

Дали знаевте колку трае совршениот секс? Или која поза кајмногу ја практикуваат брачните парови? Ви пренесуваме петнаесетина интересни статистики за сексот кои варираат од забавни до бизарни.

1. Сексот и самозадоволувањето ги ублажуваат стресот и нервозата. За време на односот телото испушта хормони кои благотворно делуваат на организмот, па со самото тоа секоја задача по сексот е полесна.

2. Совршениот секс трае меѓу 7 и 13 минути. Имено, едно истражување открило дека многумина сметаат дека сексот кој трае 1-2 минути е прекраток, а сексот кој трае подолго од 13 минути е предолг. Се чини, оптимален секс е оној што трае десет минути.

3. Дури една од десет брачни двојки признава дека спијат одвоено.

4. Секој петти маж мечтае за секс со медицинска сестра.

5. За време на сексуалниот однос оргазам ќе доживеат 75% од мажите и само 29% од жените.

6. Позата која најмногу ја практикуваат брачните парови е мисионерската. Дури 85% од нив ја практикуваат.

7. За време на животот жените во просек имаат по 4, додека мажите по 7 партнери.

8. Дури половина од сексуално активните мажи и жени за време на својот живот ќе имаат ХПВ инфекција.

9. Едно истражување од Нов Зеланд, во кое учествуваат 1000 лица, покажа дека двојките кои се во врска подолго од 5 години имаат помали шанси да заболат од депресија или да се оддадат на алкохол и дроги.

10. Научниците се согласуваат дека со текот на годините опаѓа бројот на сексуалните односи, ама затоа квалитетот на сексот е подобар.

11. Повеќето луѓе имале секс на отворено, а најчести места за тоа се парковите, дворовите и клупите.

12. Дури 76% од жените кои спиеле со истиот пол доживеале оргазам, додека оргазам со личност од спротивниот пол доживеале само 50%, покажува едно истражување спроведено врз 2000 лица.

13. Јапонецот Масанобу Сато на мастурбацискиот маратон во Сан Франциско успеал непрекинато да се самозадоволува дури 9 часа и 58 минути.

14. Најголемата оргија се случила во Јапонија, на која учествувале дури 250 двојки кои ужувале во сексот гледајќи се едни со други.

Извор: Tportal