1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 14:59
На 6 јуни со почеток во 19:30 во кафе-книжарницата „Буква” ќе биде промовирана книгата „Филмска објектологија” од Васил Михаил во издание на „Современост”.
Авторот преку практични и теоретски инструменти аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува филмска објектологија. Сценариото за краток игран филм „Кујна” е основната појдовна точка од која се развива теорија за објектот во филмски кадар. Сценариото во изминатите години доби награди и признанија на филмски фестивали низ светот. Публиката ќе има можност да присуствувате на првата официјална промоција на оваа иновативна тема во филмската теорија и пракса.
Промотори на книгата и провокатори на авторот и публиката ќе бидат:
проф. д-р Мимоза Рајл – театарски критичар и професор по естетика и
доц. м-р Саша Станишиќ – филмски режисер и писател
Промоцијата на книгата ќе биде дополнета со мала изложба на филмски објекти од приватниот фонд на реквизити на Андреј Бартлинг – главен сценски реквизитер.
За релаксирачки крај на метафизичкото патување со филмската објектологија со класичен гудачки репертоар ќе не освежат младите матурирани музичари од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј” – Скопје:
Јована Анѓеловска – виолина
Марко Јованоски – виолончело
Александар Ицковски – виолончело
Саве Самаракова – контрабас
Во рамки на промоцијата ќе имате можност да ја купите книгата по промотивна цена од 250 денари, како и да добиете лична посвета од авторот.