1022 hPa
38 %
22 °C
Скопје - Пон, 07.09.2026 22:30

Кјунг Ву Хан е млад корејски уметник кој по дипломирањето на отсекот за скулптури на националниот универзитет во Сеул, магистрирал и филм на The School of the Art Institute од Чикаго.
Во неговиот уметнички опус преовладуваат просторните инсталации низ кои најчесто си „игра“ со перцепцијата и илузијата. Во неговото дело важна улога имаат и видео-проектите и скулптурите, низ кои исто така ја испитува лажливоста на просторот и тродимензионалноста.


Ву Хан нагласува дека луѓето го гледаат она што сакаат да го видат и дека сето она што го гледаме или знаеме не е апсолутно точно. Тој вели дека еден факт може да се протолкува на неколку различни начини, во зависност од сопствената перцепција, и затоа низ своите дела предлага различни начини на доживување на нештата и просторот, со малку изместена перцепција.

Сликите кои можете да ги видите се дел од неговата инсталација Green House. За подобро да ја сфатите, погледнете го и видеото на неговата официјална интернет страница.
Извор: kyungwoohan.com