Промоција на пет џебни книги - „Канселувањето на Палестина”

05.06.2024 15:45
Промоција на пет џебни книги - „Канселувањето на Палестина”

На 6 јуни (четврток) во „Бруталиск” (Илинденска 38А), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на пет џебни книги од едициjата OK.NO. во издание на издавачката куќа „Темплум”.

Книгите ќе ги промовираат Никола Гелевски, Здравко Савевски и Еди Фрцовски.

Во петте џебни книги се застапени авторите: Ахмад Кадура, Мохамед Сабанех, Омар Ал Абдалат, Наоми Клајн, Гидеон Леви, Јанис Варуфакис и Славој Жижек.

Книгите ги носат следниве наслови: „Канселувањето на Палестина” (Славој Жижек), „Карикатури за Палестина” (Омар Ал Абдалат), „Како да се сопрат израелските воени злосторства” (Наоми Клајн), „Цената на затворот за два милиона луѓе” (Гидеон Леви), „Израел и Палестина: Прашања и одговори” (Јанис Варуфакис)

Новоиздадените книги се дел од четвртиот том на едицијата OK.NO. Досега се излезени три тома: Најдобрите вицови на Окно, Пет поетски книги и Фашизам.

ОкоБоли главаВицФото